Фото: Противпожарно возило / илустрација

ВИДЕО | Две возила утрово се запалиле на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје

Две возила се запалиле утринава околу 4 часот на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир во Скопје, a потоа пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, пренесува „Алсат“.

Видеото што го објави телевизијата покажува како автомобилите горат веднаш до станбен објект, а од нив излегува голем пламен и чад.

Од МВР за „Слободен печат“ посочуваат дека пријавено е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на А.С.(34).

„Од пожарот зафатени биле и патничко возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило ‘опел’ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита“, соопштија од МВР.

*Веста е ажурирана со изјавата на МВР во 10:27 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот