Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Опожарени две возила на паркинг во Аеродром

На паркинг во општина Аеродром вчера рано наутро било пријавено дека било опожарен автомобил „ауди“ во сопственост на 56-годишниот Б.И. од Скопје, информираат од МВР.

-На 6 јуни 2026 година во 02:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром избувнал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.И. (56) од Скопје, кое претходно било управувано од А.И. (28) од Скопје- се вели во полициското соопштение.

Од пожарот било зафатено уште едно возило „ауди“, сопственост на Г.Т.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и немало повредени. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот