Тинејџер на тротинет удрил жена во Тетово, со тешки повреди итно е префрлена на скопските клиники
Уште една несреќа на улиците со тротинет се случила претпладнево, овој пат во Тетово, каде 16-годишно момче кое возело електричен тротинет, удрил во 32-годишна жена од селото Непроштено. Жената е тешко повредена и била во неконтактибилна состојба, по што итно е префрлена на лекување на скопските клиники, соопшти МВР.
Препорачано
„Денеска (05.06.2026 година) околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, кој удрил во пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата, пешакот И.Ѓ. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош, од каде поради сериозноста на здобиените повреди, таа е префрлена на понатамошно лекување во Комплекс клиникит ,,Мајка Тереза” во Скопје. На местото на настанот увид извршила екипа на СВР Тетово“, велат од полицијата.
Меџити ќе го урива, Ѓорѓиевски ќе го чисти – што ќе се случи со натпатникот кај Бит-пазар?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
38мин
-
57мин
-
59мин
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


