Кичевец бил фатен како крши вагон на култното вовче „Ќиро“ од 1917 година
Маж доби кривична пријава откако бил фатен како крши прозорец на легендарното вовче „Ќиро“, кое некогаш сообраќаше меѓу Скопје и Охрид, а денес е музејски експонат и еден од симболите на Кичево.
Препорачано
“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости’. На 11.11.2025 на бул. ‘Ослободување’ во Кичево, пријавениот бил затекнат како оштетува прозорец на еден од вагоните на возот ‘Ќиро’, кој е историски предмет заведен во влезна книга на музејски материјал и потекнува од 1917 година“, изјави полицијата.
Легендарното вовче „Ќиро“ е историски теснолинеен воз кој сообраќал низ Западна Македонија од 1922 до 1966 година, поврзувајќи ги Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга.
Денес е заштитен музејски експонат и симбол на Кичево, каде што е трајно изложен и редовно се конзервира и се реставрира.
ФОТО | Некој ја „стопил“ бистата на Вера Јоциќ – случајот пријавен во полиција


