Фото: Screenshot/Instagram

ВИДЕО | Голот со кој Македонија ја победи Андора — Павлина Николовска погоди од 40 метри

Женската фудбалска репрезентација на Македонија вчера ја победи Андора со 1-0 во квалификациите за Светското првенство, а стрелец на победничкиот гол беше Павлина Николовска.

Македонската репрезентативка постигна фантастичен гол од слободен удар од 40 метри и така го реши прашањето на победникот.

Во групата Македонија по пет кола се наоѓа на третата позиција со шест бода, пред нас е Азербејџан со девет и Унгарија со 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот