Има 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран во наредната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Бенфика која ќе биде негов седми клуб во кариерата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Откако во 2019 година, на само 15 и пол години, ги направи првите професионални чекори, Дуран веќе смени шест клуба, а Бенфика е седмиот за кој ќе настапува.
Португалскиот гигант ќе му исплати на Ал Наср шест милиони евра за едногодишната позајмица, а договорот вклучува и можност за целосен откуп следното лето за 30 милиони евра.
„Среќен сум. Кариерата ја продолжувам во најголемиот португалски клуб. Благодарен сум што сум тука и имам големи очекувања. Сакам да играм и да станам шампион“, изјави Дуран по официјалната промоција.
Колумбиецот професионалната кариера ја започна во Евигадо, а во 2022 година се пресели во американскиот Чикаго Фајер. Само една година подоцна, во јануари 2023 година, направи трансфер во Астон вила, каде што се наметна како ефикасна опција од клупата.
По две сезони во англискиот клуб, во јануари 2025 година потпиша за Ал Наср, но не успеа да биде дел од тимот во сезоната кога клубот конечно ја освои шампионската титула. Во меѓувреме настапуваше како позајмен играч во Фенербахче и Зенит, а сега следен предизвик во неговата кариера ќе биде дресот на Бенфика.


