Хезоња сам ќе плати 875.000 долари само за да си замине од Реал
Марио Хезоња е пред враќање во НБА, откако го известил Реал Мадрид дека ќе ја активира клаузулата во договорот што му овозможува да замине во најсилната кошаркарска лига во светот.
Препорачано
Според шпанска „Марка“, хрватскиот репрезентативец во понеделник ги информирал челниците на „кралскиот клуб“ за својата одлука, а самиот ќе ја плати откупната клаузула во висина од 875.000 долари за да стане слободен играч.
Станува збор за максималниот износ што НБА клуб може да го плати за откуп на договор на европски кошаркар. Бидејќи Хезоња сè уште нема потпишано договор со нов клуб, решил сам да ги покрие трошоците за заминување од Мадрид.
Реал Мадрид го ангажира тренерот кој правеше чуда со Валенсија
Желбата на 30-годишниот крилен кошаркар е повторно да се докаже во НБА, каде што претходно настапуваше за Орландо Меџик, Портланд Трејл Блејзерс и Њујорк Никс. Во американските клубови и натаму постои интерес за неговите услуги, особено по одличните настапи што ги имаше во дресот на Реал Мадрид.
Според најавите, Хезоња најверојатно ќе потпише пократок договор, а доколку не успее да се избори за позначајна улога, не е исклучено повторно да се врати во Европа.
Шпанските медиуми додаваат дека по заминувањето на Серхио Скариоло од тренерската функција во Реал Мадрид, било јасно дека Хезоња е сè поблиску до одлуката да ја продолжи кариерата преку Атлантикот.
„Лудиот“ газда на Панатинаикос: Не знам како ќе се вклопи Јокиќ наредната сезона


