Реал Мадрид го ангажира тренерот кој правеше чуда со Валенсија
Реал Мадрид го претстави Педро Мартинез како нов шеф на стручниот штаб, со што искусниот шпански стратег ќе ја предводи кошаркарската секција на „кралскиот клуб“ во следните три сезони.
Препорачано
Шеесет и петгодишниот Мартинез потпиша тригодишен договор со најтрофејниот европски клуб и започнува нов предизвик во својата богата тренерска кариера.
Во Мадрид пристигнува од Валенсија, каде што остави силен впечаток и ја предводеше екипата до шампионската титула во шпанското првенство. За да го реализира трансферот во Реал, Мартинез ја активираше откупната клаузула од договорот со Валенсија.
На клупата на Реал Мадрид ќе го наследи Серхио Скариоло, кој го напушти клубот по сезоната во која „кралевите“ не ги остварија очекуваните резултати, особено на европска сцена.
Од Реал Мадрид изразија уверување дека со ангажманот на Мартинез клубот добива тренер со огромно искуство и победнички менталитет, кој ќе има задача повторно да го врати тимот во борба за најголемите трофеи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
19мин
-
37мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


