Средношколци со ранци / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Средношколците можат да добијат бесплатна психолошка поддршка за ниту еден од нив да не се чувствува сам, вели Ѓорѓиевски

Град Скопје ќе обезбеди бесплатна психолошка поддршка за средношколци на возраст од 15 до 19 години во Скопје. Проектот, како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе се реализира преку две активности, преку психолошко советување и преку едукативни работилници.

Психолошко советување опфаќа бесплатни индивидуални сесии за емоционална поддршка, разговор, разбирање и стручна помош за младите, а ќе се спроведува на три локации – во Козле, Аеродром и во Центар. Едукативните  работилници, пак, се наменети за стручен кадар и родители од 23 средни училишта, со фокус на превенција од насилство, справување со зависности и унапредување на менталното здравје кај младите.

Нема поважна обврска од тоа да се грижиме за младите, за нивното ментално здравје, нивната безбедност, нивниот мир и чувството дека не се сами. Живееме во време во кое младите често носат тивок товар. Притисоци, стравови, несигурности, предизвици во училиште, дома или во општеството. Понекогаш им е потребен само еден разговор, еден човек што ќе ги сослуша, едно место каде што ќе се почувствуваат разбрани..Ниту едно дете, ниту еден млад човек не смее да се чувствува сам, заборавен или оставен без поддршка., вели градоначалникот.

Сите заинтересирани средношколци и родители можат да добијат целосн информација или да закаќат термин на телефонот о75 422 781, а носители на проектот се асоцијација „Гаспар“ и „Лумен“.

Аеродром под притисок од насилство и од вандализам — општината го признава проблемот, но ја префрла топката на „системот“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот