ВИДЕО | Избран е најубавиот град на светот — веројатно никогаш не би го погодиле
Ако ве прашаат кој е најубавиот град на светот, дали би го избрале местото каде што живеете? Токму врз основа на вакво прашање е направена новата светска листа на најубави градови, која опфаќа и добро познати европски дестинации, но и далечни градови што воодушевуваат со природа, архитектура и посебна атмосфера.
Препорачано
Истражувањето го спровел магазинот „Тајм аут“, во кое учествувале 24 илјади луѓе. Главното прашање во анкетата било: дали би го нарекле својот град прекрасен?
Убедливо првото место и титулата најубав град во светот ја освоил Кејптаун, главниот град на Јужноафриканската Република. Дури 86 проценти од жителите без двоумење го опишале како „прекрасен“.
Во продолжение следуваат градовите што се најдоа меѓу најдобрите десет, со нивните најголеми предности што ги издвојуваат како туристички и урбани атракции.
1. Кејптаун, Јужноафриканска Република – 86 проценти
Кејптаун е прогласен за најубав град во светот благодарение на уникатната комбинација од африкански и европски влијанија. Широките плажи со бел песок, бескрајните лозја и живописното крајбрежје го прават овој град една од најпосакуваните дестинации за љубителите на природата.
2. Единбург, Обединето Кралство – 84 проценти
На второто место се најде Единбург, кој воедно е највисоко рангираниот европски град. Неговата убавина се огледа во зачуваниот стар град и бројните видиковци со спектакуларни погледи. Дури 84 проценти од жителите го сметаат за исклучително убав град.
3. Сиднеј, Австралија – 78 проценти
Сиднеј го зазеде третото место со 78 проценти позитивни гласови. Градот е познат по опуштениот начин на живот, прекрасните плажи и високиот квалитет на живеење. Од плажата Бонди до модерниот дел од градот, Сиднеј остава впечаток на уреден и динамичен мегаполис.
4. Чикаго, Соединети Американски Држави – 77 проценти
Чикаго се најде на четвртото место. Познат е по модерната архитектура и импресивните облакодери, но и по зелените паркови и просторот покрај езерото Мичиген. Тој е и највисоко рангираниот американски град на листата.
5. Лисабон, Португалија – 74 проценти
Петтото место му припадна на Лисабон, град кој со години важи за важен културен центар во Европа. Богат е со музеи, галерии и пазари, а неговата гастрономска сцена постојано се развива.
6. Париз, Франција – 68 проценти
Париз е на шестото место и со право го носи епитетот град на љубовта. Познат е по своите улици за прошетки, уметноста, модата и уникатната атмосфера што го прави еден од најпосетуваните градови во светот.
7. Стокхолм, Шведска – 68 проценти
На седмото место се најде Стокхолм. Шарените фасади, водените канали и старото градско јадро му го даваат препознатливиот изглед. Често се нарекува „Венеција на северот“.
8. Порто, Португалија – 67 проценти
Порто е на осмото место. Градот е познат по својата гастрономија и локацијата покрај реката Доуро, како и по познатата книжарница Ливрарија Лело, една од најубавите во светот.
9. Меделин, Колумбија – 66 проценти
Меделин се најде на деветтото место. Иако често не е прв избор на патниците, според истражувањето тој е град кој неправедно се потценува, а нуди многу убавини и урбана енергија.
10. Рига, Летонија – 65 проценти
Рига ја заокружува листата на десетте најубави градови. Позната е по калдрмисаните улици, историските згради и културната сцена, поради што ја нарекуваат и „Париз на северот“.
Останати градови на листата:
11. Сан Диего – 61 проценти
12. Панама Сити – 60 проценти
13. Кембриџ – 60 проценти
14. Фиренца – 60 проценти
15. Рио де Жанеиро – 60 проценти
16. Бат – 60 проценти
17. Бенгалуру – 59 проценти
18. Виена – 59 проценти
19. Бразилија – 59 проценти
Ова е најдобриот град за живот во светот, Европа доминира меѓу првите на листата


