На денешен ден – 6 јули: Починал американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за литература
1189.- Умрел англискиот крал Хенри Втори Плантагент, основач на династијата Плантагент, кој во текот на владеењето од 1154 до својата смрт ја ограничил улогата на Црквата во сферата на судството и другите домени на судскиот систем со што значително ја зајакнал кралската власт.
Препорачано
2018.- Македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна на почетокот на 2000-те и се стекна со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички компилации со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. На 12 години започнал да свири на гитара со локалните скопски бендови. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Илиевски да им се приклучи. Во 2001 година бил составен дел од песните „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Deep Purple“ во Скопје. Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година.
2018.- По кратко боледување на 68-годишна возраст почина македонската писателка Олга Арбулјевска. Таа беше новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка и сликарка. Родена во Ниш во 1949 година. Детството го минала во Берово и Скопје. Автор е на четири поетски збирки „Канурки“ (1972), „Икителија“ (1981), „Светкамен“ (1991) и „Животница“ (2006), како и на книгата есеи „Ветрот на промените“ (1992). Во Историјата на македонската книжевност (1990) од М. Друговац, нејзината поезија е опишана како „игра, со мера и такт, меѓу архаичниот идиом и модерниот вербален знак“. Дипломирала философија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работеше како новинар во весниците „Борба“ и „Нова Македонија“, а беше и уредник за култура на „Телма“. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1973 година и на Македонскиот ПЕН центар од 1974 година.
2020.- На 91-годишна возраст почина славниот италијански композитор Енио Мориконе. Се смета за еден од највлијателните филмски композитори на 20 век. „Маестро“, како што го нарекуваа, е автор на музика во над 700 филмови и серијали, меѓу кои и антологиските „Добар, лош и грд“, „Беше еднаш во Америка“, „За грст долари“, „Егзорцист“, „Недопирливите“, „Мисија“… Енио Мориконе компонирал повеќе од 60 години. Седум пати беше номиниран за Оскар за музика, а наградата ја доби во 2016 година за филмот на Квентин Тарантино „Омразените осуммина“.


