Гринланд / Фото: Pexels

Туристите трошат повеќе од кога било – oва се 10-те најскапи туристички дестинации во 2026 година

Сè повеќе туристи во 2026 година се подготвени да потрошат значително повеќе за патувања што ги сметаат за животен сон. Наместо да бараат поевтини опции, многумина избираат далечни и луксузни дестинации, покажува новото истражување на платформата за споредба на патнички осигурувања „Сквермаут“.

Во анкетата, во која учествувале околу 6.000 патници, 45 проценти од испитаниците изјавиле дека го зголемиле својот буџет за патувања во 2026 година. Повеќе од половина од нив признале дека ги намалиле другите лични трошоци за да можат да си дозволат патување од соништата.

Дополнително, 23 проценти од анкетираните рекле дека намерно издвојуваат повеќе средства за премиум искуства и дестинации што сакаат да ги посетат барем еднаш во животот.

Британски Девствени Острови / Фото: Pexels

Анализата на „Сквермаут“, која ги комбинира податоците за патничко осигурување, цените на авионските билети, сместувањето, изнајмувањето автомобили и секојдневните трошоци, покажува дека најскапи се поларните експедиции, островските дестинации и сафари-патувањата. Високите цени се должат на големата оддалеченост, ограничените можности за превоз и ексклузивното сместување.

Најскапа дестинација за 2026 година е Антарктикот. Просечната цена за 18-дневно патување, пресметано преку поаѓање од аргентинскиот град Ушуаја, изнесува 27.195 американски долари.

Од друга страна, Руанда има највисок просечен дневен трошок за патување – околу 1.609 долари дневно.

Француска Полинезија / Фото: Pexels

Истражувањето покажува и дека туристите сè почесто избираат луксузни искуства, како престој во водни вили на Малдивите или сафари во Зимбабве, наместо класични туристички аранжмани.

Според индексот на „Сквермаут“, ова се 10-те најскапи туристички дестинации во 2026 година:

  • Гренланд
  • Британски Девствени Острови
  • Француска Полинезија
  • Антарктикот
  • Малдиви
  • Швајцарија
  • Зимбабве
  • Острови Туркс и Кајкос
  • Боцвана
  • Ангвила

ВИДЕО | Смрдлива Вода, лековитиот бисер во прегратките на Кожуф – совршена дестинација за бегство во природа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот