Фото: Слободен печат / Драган Митрески

15 дена по крвавиот напад врз момчето во Ченто, ОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници

Основното јавно обвинителствто соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за напад врз 14-годишно момче во скопската населба Ченто кое беше тепано и избодено дури седум пати со нож.

Јавното обвинителство соопшти дека, според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото.

-Предложените мерки вклучуваат – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница, забрана за посетување на местото каде се случил кривично-правниот настан, забрана за приближување или воспоставување какви било контакти со оштетеното дете и со неговите родители. Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од Основно јавно обвинителство Скопје.

Крвничкиот напад, во кој момчето доби седум убоди со нож, се случи на 22 јуни, а мајката на повреденото момче за „Слободен печат“ изјави дека МВР случајот го води како „насилство“, а не како потешкото дело „обид за убиство“, иако насилниците со себе имале и автоматска пушка „калашников“.

По 11 дена, МВР ја напиша кривичната за хоророт во Ченто — седум убоди со нож за МВР е „насилство врз дете“ а не „обид за убиство“

Откако случајот стана актуелен во јавноста, МВР минатата недела, 11 дена по нападот, поднесе кривични пријави за насилство против тројцата осомничени.

По 11 дена, МВР ја напиша кривичната за хоророт во Ченто — седум убоди со нож за МВР е „насилство врз дете“ а не „обид за убиство“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот