EPA/NARENDRA SHRESTHA

Американски државјанин тешко повреден додека слетувал со параглајдер во Битолско

Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди додека слетувал со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола.

– На 05.07.2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди – стои во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Уапсени двајца за пожарот кај Рампа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот