фото: сллободен печат

Уапсени двајца за пожарот кај Рампа

Полицијата уапси двајца скопјани поради сомнение дека го предизвикале пожарот кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода. Пожарот кој изби вчера попладне ги вознемири граѓаните од повеќе делови на Скопје, со оглед дека се издигаше густ чад кој можеше да се види оддалеку.

„На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05.07.2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

ВИДЕО+ФОТО | Пожар на „Јужен булевар“ — гори објект, пожарникарите се борат со пламените јазици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот