Полиција апсење/ Фото: МВР

Скопјанец пред шест месеци силувал малолетничка и сега повторно се обидел – полицијата го уапси

Полицијата вчера привела 21-годишник од Скопје, кој се обидел да силува малолетничка. Нејзината мајка го пријавила случајот и изјавила дека пред шест месеци тој извршил обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а негов пријател го снимал гнасниот чин со мобилен телефон.

На 04.07.2026 во 15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, С.Б. се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Насилство во Скопје: серија напади и тепачки низ Центар, Карпош, Драчево, Бит-пазар, Шуто Оризари…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот