Фото: Профимедија / илустрација

Човек со пушка убил домашно куче среде улица во Радовиш

Радовишанец е приведен откако, според полицијата, со ловна пушка усмртил куче на улица во Радовиш, а потоа во службен разговор го признал делото.

„На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Р.Л.(72) од Радовиш. Според пријавеното, на 02.07.2026 околу 22:00 на ул. ‘Благој Мучето’ во Радовиш се слушнал истрел од оружје, по што на улицата било забележано усмртено куче. По преземени мерки од страна на полициски службеници е утврдено дека во кучето пукал Р.Л., кој во службен разговор го признал делото, а од него е одземена и ловната пушка ‘застава м75’ со која го извршил делото, а која ја поседувал со дозвола. Увид на местото е извршен од инспектор за храна и ветеринарство, ветеринарен лекар и екипа на ОВР Радовиш, при што е утврдено дека кучето е сопственост на Д.М. од Радовиш. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Р.Л. ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти Министерството за надворешни работи.

79-годишна жена нападната од глутница агресивни кучиња во Бутел, семејството тврди дека институциите потфрлиле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот