Фото: Скриншот / Thestival Gr

ВИДЕО | Огромен пожар беснее во Неа Каликратија, огнот се шири блиску до куќи

Во гаснењето на пожарот во Неа Каликратија сега учествуваат 45 пожарникари со 12 возила, две пешадиски групи и доброволци, а од воздух периодично дејствуваат пет авиони и три хеликоптери. Помош обезбедуваат и цистерни со вода и градежни машини.

Пожар денеска попладне избувна во Неа Каликратија на Халкидики, објави „Прототема“.

Огнот е во близина на куќи, а нешто по 18 часот беше испратена порака до жителите и до присутните во подрачјата Амбелакија и Кипуполи да се евакуираат кон Неа Каликратија.

Во гаснењето сега учествуваат 45 пожарникари со 12 возила, две пешадиски групи и доброволци, а од воздух периодично дејствуваат пет авиони и три хеликоптери. Помош обезбедуваат и цистерни со вода и градежни машини.

Истражниот тим за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари од Солун е испратен во подрачјето на пожарот за да ги утврди причините за неговото избувнување.

11 пожари на отворено денеска, еден е сè уште активен — пожарникари и „ер трактори“ го гаснат огнот кај Белица во Македонски Брод

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот