Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Босна и Херцеговина не пуштила делегација на погребот на Али Хамнеи, опозицијата протестира: „Ова е кукавичлук и вртење грб на Иран“

Опозициски партии во Босна и Херцеговина упатија жестоки критики до „Тројката“, коалицијата на владејачките пробошњачки и граѓански партии во Босна и Херцеговина, обвинувајќи ја за „кукавичлук и за вртење грб на Иран, кој им помагал на Бошњаците во војната“, откако изостана делегација од БиХ на погребот на ајатолахот Али Хамнеи.

Поранешната министерка за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ од СДА, порача дека станува збор за дипломатски минимум и „за способност на државата да покаже почит кон оние што ѝ помагале кога ѝ било најтешко“.

— Станува збор за човек кој за време на војната правеше сè за да ѝ помогне на Босна и Херцеговина — рече поранешната функционерка.

Притоа, таа најостро го нападна бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, кој наесен повторно ќе се кандидира за таа функција.

Бисера Турковиќ на крајот од својот мандат во 2024 година во Сараево го прими тогашниот ирански министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахијан, во период кога во Иран траеја масовни протести по смртта на Махса Амини.

Иран очекува до 20 милиони луѓе на погребот на Али Хамнеи

Поради тој потег беше остро критикувана во домашната и во меѓународната јавност поради постапките на иранскиот режим.

Третиот противкандидат на изборите наесен, Семир Ефендиќ, кој е и претседател на Партијата за БиХ, беше уште поостар кон Беќировиќ, тврдејќи дека ги изневерил очекувањата на Бошњаците.

— Одлуката на Денис Беќировиќ да ја игнорира поканата од Иран не го одразува ставот на народот кој не ја заборавил помошта од Иран. Таа го одразува единствено неговиот кукавичлак — порача тој.

Критичарите на Беќировиќ му забележуваат и за фактот што Србија имала делегација на испраќањето, иако, како што наведуваат, е одговорна за геноцидот во Сребреница.

На големата државна церемонија во Техеран по повод испраќањето на Али Хамнеи се собраа високи ирански функционери и делегации од повеќе од сто држави, меѓу кои Русија, Кина и повеќе земји од Блискиот Исток.

Западните држави главно не учествуваа, додека, пак, одделни земји испратија пониско рангирани дипломатски претставници, кои положија венци и учествуваа во протоколарниот дел од комеморацијата.

Шестдневна погребна церемонија: милиони Иранци се збогуваат со убиениот ајатолах Хамнеи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот