ФОТО | Најдобрите македонски кошаркари тренираа во Луксембург
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација го одработи официјалниот тренинг во салата „Национален центар за спорт и култура“ во Луксембург, каде в недела (16.00 часот) ќе се одигра натпреварот од шестото и последно коло од претквалификациската група „А“ за пласман на Евробаскетот 2029.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал се запознаа со условите за игра во арената во која ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да го комплетираат овој квалификациски циклус со максимален ефект.
Стручниот штаб за гостувањето во Луксембург располага со скратен ростер. Поради претходно познати причини, во составот не се Андреј Јакимовски, кој има приватни обврски, Марко Луканоски, кој е со репрезентацијата до 20 години, како и Ди-Џеј Стјуард.


Нивното отсуство отвора можност за репрезентативно деби на Нејт Сестина. Натпреварот во Луксембург би можел да биде негов прв официјален настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.
Иако првото место во групата и пласманот во втората рунда од претквалификациите веќе се обезбедени, македонските кошаркари имаат јасна цел – со нова победа да ја завршат оваа фаза од квалификациите и со максимални шест победи од исто толку натпревари да ја потврдат доминацијата во групата.
Берокал: Еден ден ќе уживаме, а потоа ќе мислиме на Луксембург


