Насилство во Скопје: серија напади и тепачки низ Центар, Карпош, Драчево, Бит-пазар, Шуто Оризари…
Повеќе физички напади, закани и пресметки се случиле вчера, меѓу кои и случај во Шуто Оризари, каде што деца биле повредени со остар предмет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полицијата постапувала по пријави за напади во Центар, Карпош, Драчево, Ѓорче Петров, Амзабегово и кај Бит-пазар.
Приведен скопјанец по закани на Бит-пазар
Полицајци од СВР Скопје го привеле А.Б. од Скопје, постапувајќи по пријава од 19-годишниот В.К. од Скопје.
В.К. пријавил дека на 2 јули околу 20:30 часот, на подрачјето на Бит-пазар, додека бил со својот брат и другар, дошол А.Б. со уште еден човек и им упатувал закани.
По пријавата, полицијата презела мерки, извршила претрес во домот на А.Б., по што тој бил приведен, иако се обидел да избега.
Во службен разговор го признал делото, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Момче нападнало 48-годишен маж во Центар
Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, 48-годишниот М.К. од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 21 часот, во Центар, бил физички нападнат од малолетник.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Физички напад во угостителски објект во Карпош
Вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, 25-годишниот Ј.А. од Скопје пријавил дека околу 18:30 часот, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од Ф.А. од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нападнат тинејџер во Драчево
На 2 јули во 23:40 часот во СВР Скопје, 44-годишниот Б.К. од скопско пријавил дека истиот ден околу 23 часот, кај место викано „Врапче“ на подрачјето на Драчево, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од 41-годишниот Н.Д. од селото Батинци.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Физичка пресметка по недоразбирање во сообраќајот во Ѓорче Петров
На 2 јули во СВР Скопје било пријавено дека околу 15:30 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Во пресметката учествувале 30-годишната М.Ѓ. од една страна и 51-годишната А.Д. и 21-годишната С.Ј. од друга страна, сите од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Деца повредени со остар предмет во Шуто Оризари
Вчера во 14:53 часот во СВР Скопје, од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека во клиниката билот донесено 12-годишно момче од Скопје со повреди од остар предмет.
Според пријавеното, повредите му ги нанело друго момче истиот ден околу 13 часот, на подрачјето на Шуто Оризари.
Во врска со истиот случај, истиот ден во 23:55 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 36-годишната С.А. од Скопје пријавила дека и нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четворица малолетници, а еден од нив му нанел повреда со остар предмет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Хорор во штипскиот затвор — осуденик силувал друг затвореник


