Затворот во Штип Фото: МИА

Хорор во штипскиот затвор — осуденик силувал друг затвореник

Во штипскиот затвор се истражува грозоморен настан, откако било пријавено дека 59-годишен осуденик силувал друг затвореник, кој потоа бил пренесен во болница.

„На 30.06.2026 во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено поправната установа Затвор Штип бил донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко. Според пријавеното, во установата 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крвава пресметка во штипскиот затвор, осуденик неколкупати избоден со нож

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот