• осуденик

Се вратил во затворот Битола од викенд отсуство со две пакувања прашкаста материја

Од затворот во Битола вчера во полиција пријавиле, дека затвореник што се вратил од викенд отсуство со себе донел и две пакувања со прашкаста материја. Станува збор за осуденикот В.У.(35) од Битола. Полициски службеници од СВР Битола извршиле увид, а пронајденото било одземено за понатамошна постапка. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.