epa04766942 (FILE) A file photo dated 01 March 1994 showing Dutch soldiers of a Dutchbat convoy

Осуденик за геноцид во Сребреница загина во сообраќајна несреќа

Воениот злосторник Остоја Станишиќ загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Кладaњ, БиХ, неофицијално дознава порталот Кликс.ба.

Станишиќ бил во автомобилот што слетла во река.

Во 2018 година, Судот на Босна и Херцеговина го осуди Станишиќ на пет години затвор за помагање во геноцидот во Сребреница.

Според конечната пресуда, Станишиќ е прогласен за виновен затоа што, како командант на 6-тиот баталјон на Зворничката бригада, свесно им пружил помош на припадниците на армијата и полицијата на Република Српска, вклучувајќи ги Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, во спроведувањето на планот за трајно и присилно отстранување на бошњачкото цивилно население од заштитената зона на Обединетите нации во Сребреница.

Во пресудата се наведува дека до 40.000 бошњачки цивили биле насилно преселени од енклавата Сребреница, додека повеќе од 7.000 бошњачки мажи и момчиња биле убиени по кратка постапка.

Судот, исто така, утврди дека на 14 и 15 јули 1995 година, припадници на Шестиот баталјон, под надзор на Станишиќ, учествувале во приемот и обезбедувањето на неколку стотици заробени мажи од Сребреница, кои биле притворени во училиште во селото Петковци во близина на Зворник без основни услови, биле претепани, а најмалку 20 од нив биле убиени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот