Клиниката за онкологија плива во вода, исклучени се апаратите за радиотерапија
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и во Клиниката за онкологија.
Препорачано
Според досегашните информации, водата навлегла во долниот кат од објектот, каде што се изведуваат третманите со радиотерапија.
Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија. Со тоа, како што посочи, била спречена поголема опасност.
Стојковски нагласи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и увери дека ниту еден пациент не е изложен на ризик.
Пациенти кои биле присутни во објектот велат дека по навлегувањето на водата во ходниците биле поставени ќебиња и чаршафи, со цел да се впие водата и да се олесни санацијата на просториите.
Засега не е познато колкава материјална штета е причинета, а надлежните служби работат на целосно санирање на последиците од поплавата.
ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
9мин
-
23мин
-
52мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


