Фото Слободен печат-Методи Здравев

Уапсена професорка од УГД – побарала 300 евра од студент за да положи испит

Професорка од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е приведена откако, според сомнението, побарала и примила пари од студент за да му овозможи да положи испит.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 јуни, во 11:45 часот, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А. (39) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.

Случајот бил пријавен на 22 јуни од К.Б. (26), државјанин на Турција кој привремено престојува во Штип и студира на Универзитетот „Гоце Делчев“. Тој пријавил дека професорката од него побарала 300 евра за да положи испит што требало повторно да го полага на 29 јуни.

Во координација со Основното јавно обвинителство Штип биле преземени мерки, при што на студентот му биле дадени три криминалистичко-технички обработени банкноти од по 100 евра.

Професорката била приведена веднаш по примањето на парите. Таа е задржана во полициска станица, а банкнотите се одземени.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ќе ги дочекаат ли карпошанки ветените бесплатни прегледи за остеопороза?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот