Велјановски: Бројката на загинати во сообраќајки во првите пет месеци годинава е намалена за 40 отсто
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град“, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година, изјави денеска на прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.
Препорачано
„Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите пет месеци од неговата примена, бројот на загинати во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 загинати во истиот период лани, на 33 годинава. Системот беше воведен прво во Скопје, Куманово, Тетово и на коридорите 8 и 10, а потоа имплементиран и во Велес. Минатата недела, камери беа поставени на автопатот кај Ново Село во општина Дебарца, а истовремено започна и постепено воведување на системот во Охрид“, посочи тој.
Како што додаде Велјановски, безбедноста на граѓаните и понатаму останува приоритет, а „Безбеден град“ е само еден од конкретните чекори за постигнување на целта.
„Истиот ќе биде ставен во функција во секој еден град низ Македонија“, нагласи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде


