Луис де ла Фуенте/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Проблем за Де ла Фуенте и Шпанија — заврши Мундијалот за ѕвездата на Манчестер сити

Шпанската репрезентација претрпе сериозен удар во битката за светската титула, откако остана без Родри до крајот на Светското првенство.

Од националниот тим потврдија дека играчот од средниот ред ќе мора да биде опериран, што значи дека неговиот настап на Мундијалот е завршен. Дополнително, закрепнувањето ќе го оддалечи од терените и на почетокот на новата сезона во Премиер лигата, па Манчестер сити ќе биде без еден од своите најважни фудбалери во воведниот дел од шампионатот.

Родри, кој беше еден од главните носители на играта при освојувањето на европската титула со Шпанија, а во 2024 година ја освои и престижната „Златна топка“, повторно се соочува со сериозен проблем со повреда.

За шпанскиот репрезентативец ова е нова епизода во долгата борба со повредите во последните две години. По тешката повреда на предните вкрстени лигаменти, поради која паузираше 220 дена и пропушти 51 натпревар, следуваа и нови здравствени проблеми што го оддалечија од фудбалските терени уште 153 дена, при што не настапи на дополнителни 34 средби.

ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот