ВИДЕО | Уште една драма на Мундијалот: Мароко по изведување пенали ја испрати дома Холандија
Мароко обезбеди пласман во осминафиналето по драматичен дуел против Холандија, откако победникот беше решен по изведувањето пенали. По голема борба во регуларниот тек и продолженијата, мароканската селекција беше посмирена од белата точка и заслужено продолжи понатаму.
Препорачано
Првата посериозна можност ја создаде Мароко во 20. минута, кога Ел Ајнауи силно шутираше, но холандскиот голман Вербруген одлично интервенираше. Само една минута подоцна се закани и Хакими, но повторно на висина на задачата беше чуварот на мрежата на Холандија.
Во продолжението и Холандија создаде неколку опасни акции, но Боно со сигурни интервенции не дозволи промена на резултатот.
По неколку пропуштени прилики на двете страни во второто полувреме, Холандија поведе во 72. минута преку Гакпо, кој ја искористи шансата и ја доведе својата репрезентација во водство.
Сепак, Мароко не се откажа. Во судиското надополнување Диоп погоди за 1:1 и го однесе натпреварот во продолженија каде што немаше голови, па се изведуваа пенали.
Во пенал-рулетот Холанѓаните потфрлија, промашувајќи дури три удари од белата точка, што Мароко знаеше да го искористи и со сигурна реализација го завери местото во осминафиналето, каде што ќе се соочи со Канада.
Ќе потсетиме, претходно на пенали големо изненадување приреди и Парагвај кој ја елиминираше Германија откако исто така по регуларниот дел и продолженијата беше 1-1.
ВИДЕО | Сензација на Мундијалот: Парагвај ја елиминираше Германија на пенали за осминафинале


