Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

ВИДЕО | Ѓоковиќ по голема борба до пласман во второто коло на Вимблдон, сега го чека Циципас

Новак Ѓоковиќ успешно го започна својот настап на грен слем турнирот Вимблдон што се одржува во Лондон. По повеќе од три часа игра, најдобриот српски тенисер го победи Кинезот Ву Јибинг со 3:1 во сетови 6:4, 5:7, 6:4, 6:4, и обезбеди пласман во второто коло.

Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и веќе во првиот сервис на ривалот направи брејк, што му беше доволно за да го освои првиот сет без поголеми проблеми. Иако Ву се закани во завршницата и стигна до две брејк топки, српскиот тенисер остана смирен и ја зачува предноста.

Кинескиот играч го подигна нивото на игра и почна да сервира многу посигурно. Ѓоковиќ имаше неколку можности повторно да му го одземе сервисот на противникот, но не ги искористи, додека Ву чекаше на својата шанса на крајот од сетот и направи брејк за да израмни на 1:1.

Третиот сет донесе голема борба и многу долги размени. Двајцата тенисери држеа сервис до деветтиот гем, кога Ѓоковиќ конечно најде начин да направи брејк. Ву не се предаде и веднаш се закани во следниот гем, но седумкратниот шампион на Вимблдон го спаси својот сервис и повторно поведе во сетови.

Ни четвртиот сет не помина без возбудувања, Ву пропушти две брејк топки во раната фаза, што Ѓоковиќ знаеше тоа да го казни. Во деветтиот гем, тој направи клучен брејк откако кинескиот играч промаши „смеч“ во важен поен, а потоа со сигурен сервис гем го потврди својот пласман во следната рунда.

Во второто коло на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе игра против Гркот Стефанос Циципас кој на стартот со 6:1, 6:4 и 6:2 го елиминираше Уго Гастон од Франција.

Медведев го елиминираше Чилиќ во првото коло на Вимблдон

Поранешен полуфиналист на Вимблдон го заврши настапот во првото коло

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот