Гоф, Мухова и Андреева имаа успешен старт на Вимблдон
Американската тенисерка Коко Гоф се пласираше во второто коло на грен слем турнирот Вимблдон во женска конкуренција, откако во првото коло ја победи Германката Тамара Корпач со 2:0 во сетови 6:2 и 6:1.
Препорачано
Гоф ќе игра во второто коло против Аргентинката Солана Сиера, која ја победи Унгарката Ана Бондар со 6:3, 5:7 и 7:5.
Чехинката Каролина Мухова исто така беше успешна на стартот, совладувајќи ја Русинката Анастасија Захарова со 6:3 и 62. Мухова ќе игра во второто коло против Шуаи Жанг од Кина, која ја победи Канаѓанката Бјанка Андреску со 7:6 (3) и 7:6 (6).
Петтата носителка на турнирот, Мира Андреева за еден час и 43 минута ја совлада Магда Линет од Полска со 7:5 и 6:4 и нејзина следна противничка ќе биде Барбора Крејчикова од Чешка која со 6:1 и 6:4 беше поуспешна во дуелот со Британката која настапи со „вајлд-карта“, Хана Клагман.
Претходно во второто коло на Вимблдон се пласираа и Белорусинката Арина Сабаленка, Белинда Бенчиќ од Швајцарија, Американките Ива Јовиќ, Џесика Пегула, Алиша Паркс, Мекартни Кеслер и Клер Лиу, Џесика Бузас Манеиро и Сара Сорибес Тормо од Шпанија, Германката Татјана Марија, Тајланѓанките Мананчаја Савангкаев и Ланлана Тараруде, Ксинју Ванг од Кина и Зејнеп Сонмез од Турција.
Во второто коло на Вимблдон се пласираа и Летонката Јелена Остапенко, Хрватката Антонија Ружиќ, Јапонката Наоми Осака, Јанис Тиен од Индонезија, Австралијанката Дарија Касаткина, Русинките Екатерина Александрова, Мира Андреева, Ана Калинскаја и Анастасија Гасанова, Чехинките Барбора Крејчикова, Катерина Сињакова и Никола Бартункова, Украинката Дијана Јастремска и Французинката Дијана Пари.
Вимблдон: Сабаленка рутински против Костовиќ, Осака без проблеми со Жакмо


