Македонскиот репрезентативец Растодер е новата „гол-машина“ на грчкиот гигант Панатинаикос
Како што се најавуваше и во понеделникот, тоа сега го потврди грчкиот фудбалски клуб Панатинаикос чии бои од следната сезона ќе ги брани македонскиот репрезентативен напаѓач, Елмин Растодер.
Препорачано
Растодер (24), кој минатата сезона ја освои титулата во швајцарското првенство со Тун и беше најдобар стрелец на клубот, официјално потпиша на четири години со Панатинаикос.
Во 2017 година станува дел од академијата Грасхопер, а во сезоната 2021-22 постигна 13 гола во 26 настапи за тимот до 21 година. Тој го имаше своето професионално деби на 16 октомври 2020 година, во натпревар од Челинџ лигата (втора дивизија) против Ксамакс, додека на 20 март 2022 година играше за прв пат во швајцарската Супер лига, во натпревар против Базел.
Во летото 2022 година, за да добие поголема минутажа, тој беше позајмен на Вадуц, со кого запиша 44 настапи во втората лига на швајцарското првенство, а постигна и 12 гола.
Officially Green ☘️#PAOFC #Panathinaikos pic.twitter.com/YXW3CkdgGW
— Panathinaikos F.C. (@paofc_) June 29, 2026
Се врати во Грасхопер во летото 2023 година, а шест месеци подоцна повторно беше позајмен на Вадуц. Добрите настапи што ги прикажа го доведоа во летото 2024 година со тригодишен договор во Тун, каде што презеде водечка улога. Во својата прва сезона, тој му помогна на својот нов тим да ја освои титулата во втората лига и промоцијата во Швајцарската Супер лига, а потоа беше и еден од најзаслужните за историската титула на Тун во првенството. Во 36 настапи, тој постигна 15 гола и запиша шест асистенции.
Панатинаикос е вториот најтрофеен клуб во Грција, со 20 титули во грчкото првенство, далеку зад Олимпијакос на врвот со 48. Последен пат Панатинаикос беше шампион на Грција во 2010 година.


