Обраќање на Зеленски / Фото: Принтскрин

Зеленски: Ноќеска нападнавме две руски рафинерии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека Украина изминатата ноќ нападнала руски постројки за преработка на нафта во Краснодарскиот и во Јарославскиот регион, јави „Киев пост“.

„Нашите војници го започнаа Денот на Уставот на Украина со голема прецизност. Синоќа нашите напади со долг дострел достигнаа две рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата за нафта во Славјанск во Краснодарскиот крај беше погодена – околу 300 километри од фронтовската линија. Исто така, стигнавме до рафинерија во Јарославската област, околу 700 километри од нашата граница“, објави Зеленски на платформата Икс.

Тој наведе дека Украина „продолжува со операциите што ја ослабуваат способноста на Русија да ја води оваа војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот