Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“, порачаа родителите на денешниот 46 „марш на ангелите“
Наместо правда пред законот дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур
До кого е потребно да се обратиме за контрола за правилен тек на судењето. Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, позадински влијанија и прикривање на вистината, прашаа родителите на трагично загинатите деца во „Пулс“ на денешниот 46 ти Марш на ангелите во Кочани, кој почна во Паркот на револуцијата.
Препорачано
-Наместо правда пред законот дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур. На последното рочиште не видовме борба за вистината, туку се уверивме колу лесно во судница центарот на вниманието може да биде дозволен бунт, реакција и заштита на обвинетите од вистината. Дали ова ќе се применува и откако обвинетите ќе ги изведуваат своите докази и на нас оштетените ќе ни дозволи судот да се отргнува вниманието од суштината и од нивната теза. Еве јавно прашуваме. Напуштањето на судницата од страна на оштетените е поддршка на обвинителката Наташа Сарамандова и на целото обвинителство што го води овој случај. Ние нема да се откажеме и натаму да го следиме секој момент и неправда и ќе се бориме до последен момент за вистината – рече Александар Наунов татко на Надица Наунова.
Пред Основниот суд во Кочани тие поставија и прашање како ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите и дали со нивното изведување и начин на презентирање им станува јасно на обвинетите дека се открива се што имаат направено за да настане трагедијата.


