ВИДЕО Џиновско знаме и колони луѓе на митингот на Вучиќ во Белград

Во Белград вечерва се случува голем политички собир организиран од владејачките структури и поддржувачите на српскиот претседател Александар Вучиќ. На мтингот „Србија е едно семејство“ што се одржува на платото пред Домот на Народното собрание на Србија присутни се граѓани од целата земја, од кои некои дојдоа пеш.

Учесниците на митингот го донесоа најголемото знаме на Србија, долго повеќе од 500 метри и широко околу 10 метри, од улицата Кнез Милош до Собранието, а поворка со млади луѓе пристигна на платото од Зелениот венец.

Она што е неспорно е дека собирот беше проследен со голема логистичка операција. Медиумските извештаи посочуваат дека илјадници автобуси превезувале поддржувачи од различни делови на Србија кон главниот град. Слични мобилизации се забележуваа и на претходни големи митинзи на Вучиќ, кога се споменуваа и околу 3.000 автобуси што носеле луѓе од целата земја.

Во својот говор, Вучиќ повика на единство и стабилност, истакнувајќи дека Србија мора да остане силна и да ги брани своите национални интереси. Тој порача дека е важно граѓаните да се обединат околу клучните државни прашања и нагласи дека „насилството и ултиматумите нема да поминат“.

Според повеќе македонски и српски медиуми, дел од учесниците пристигнале и од Северна Македонија. Најмногу внимание привлече информацијата дека 11 автобуси со околу 600 лица тргнале од Скопје кон Белград за да присуствуваат на собирот.

Вучиќ ги донесе и Милутин и Драгутин, роботи програмирани да танцуваат традиционално оро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот