Ирански дронови - Извор - Тасним

Иран повторно нападна

Бахреин објави дека голем број ирански дронови биле насочени кон нејзина територија, опишувајќи го нападот како очигледна закана по безбедноста на нејзините граѓани.

Владата на Бахреин соопшти дека Иран ја нападнал земјата со беспилотни летала, целејќи на Петтата флота на САД, која се наоѓа на нејзина територија. Објавата следува откако претходно денеска Техеран соопшти дека гаѓал американски воени објекти, како одговор на нападот на САД врз ирански воени цели во Ормускиот Теснец.

Бахреин објави дека голем број ирански дронови биле насочени кон нејзина територија, опишувајќи го нападот како очигледна закана по безбедноста на нејзините граѓани. Властите оценија дека нападот ја покажува опасноста од излегување на конфликтот од контрола, и покрај привремениот мировен договор помеѓу Иран и САД.

Исламската револуционерна гарда на Иран денеска соопшти дека, на нападот на САД врз ирански воени цели во Ормускиот Теснец, одговорила со напад врз американски воени позиции во регионот.

Претходно, Централната команда на војската на САД соопшти дека нејзините сили извршиле напади врз ирански воени цели околу Ормускиот Теснец како одговор на нападот на Техеран врз комерцијален брод во близина на клучниот воден пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот