Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Вардариште - Дива депонија - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕО Турбо се работи, Вардариште заминува во историјата, се пофали Ѓорѓиевски

Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект.

Со силно темпо се работи на Вардариште. Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека, но, сигурно, заминува во историјата, се пофали попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата фејсбук-страница.

– Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект. На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје – нагласува Ѓорѓиевски.

Во објавата се истакнува дека по завршување на целиот процес, просторот ќе добие сосема нов лик – од депонија ќе прераснел во огромен мега – парк, ново зелено срце и нови бели дробови на главниот град.

– Таму каде што со години имаше смет, чад и негрижа – ќе никнат зеленило, простор за рекреација, мир, свеж воздух и место за сите генерации. Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото – се додава во објавата на Фејсбук. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот