Вучиќ:Ова ми се последни денови како претседател на Србија
Вучиќ им се обрати на поддржувачите на СНС и рече дека граѓаните ќе го слушнат новиот план на владејачката партија во понеделник.
На денешниот состанок на Српската напредна партија, Александар Вучиќ им се обрати на поддржувачите на СНС и рече дека граѓаните ќе го слушнат новиот план на владејачката партија во понеделник, јавува Нова.рс
Препорачано
-Ќе бидете многу задоволни од новите мерки и ќе следи големо зголемување на пензиите, дури и пред јануари, па сметаме на ноември и декември, веќе оваа година. А пред тоа ќе имаме нешто што ќе ве направи многу среќни – истакна претседателот.
Вучиќ рече дека ова е веројатно последен пат да им се обрати на граѓаните во таков број како претседателот на Србија.
-Велеа дека никогаш нема да ја напуштам претседателската функција, ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката – рече Вучиќ.
Претседателот објави дека хуманоидни роботи ќе се произведуваат во Србија од август, и тоа, како што рече, во подобри фабрики отколку во Кина.
За потсетување, СНС денес организира митинг под слоганот „Србија, едно семејство“. Претседателот на владејачката партија, Милош Вучевиќ, најави дека денешниот настан ќе биде голем јавен собир пред Видовден, на кој, како што изјави, ќе биде претставено името на листата и дел од политичката програма на СНС.
Прогресивците развиорија големо српско знаме и го пренесоа низ улицата „Кнез Милош“ до платото пред српскиот парламент во Белград, каде што се организира централниот настан од 18 часот.
Колоната ја предводеа министерот за финансии Синиша Мали и синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ.


