Зеленски се сретна со претседателот на Судан, со кого разговараше за руските паравоени формации
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека на ирскиот аеродром „Шенон“ имал импровизирана средба со неговиот судански колега Абдел Фатах ал Бурхан, со кого разговарал за руските паравоени формации. „Разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, особено за активностите на нелегалните вооружени групи финансирани од Русија“, напиша Зеленски во Телеграм. Тој му се заблагодари на Судан, каде …