ВИДЕО | Португалија со реми против Колумбија закажа дерби со Хрватска

Репрезентациите на Колумбија и Португалија одиграа натпревар без голови во Мајами, во рамките на третото коло од групата К. Со освоениот бод, Колумбија го обезбеди првото место во групата со седум бода, додека Португалија заврши како второпласирана селекција со пет бода.

Иако мрежите мируваа, натпреварот понуди бројни возбудувања. Најдобрата можност за Португалија ја пропушти Бруно Фернандеш во 39. минута, кога неговиот удар од седум метри го одбрани голманот Камило Варгас.

Во второто полувреме Колумбија беше поопасниот противник и во неколку наврати се закани кон противничкиот гол. Во судиското продолжение изгледаше дека стигна и до победнички погодок, кога Давинсон Санчес по нафрлувањето на Хуан Фернандо Кинтеро со глава ја испрати топката во мрежата.

Сепак, по проверката со помош на ВАР погодокот беше поништен поради недозволена положба. Во осминафиналето Колумбија ќе се соочи со Гана, додека Португалија ќе игра против Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот