ВИДЕО | Аргентина лесно се справи со Јордан, Австрија се спаси од пораз против Алжир
Аргентина со победа од 3-1 против Јордан ја заврши групната фаза на Светското првенство и го потврди лидерското место во својата група.
Препорачано
Светскиот шампион уште од почетокот ја презеде контролата врз натпреварот и поведе во 19. минута преку Џовани Ло Селсо. Предноста беше зголемена во 30. минута, кога Лаутаро Мартинез успешно ја затресе мрежата за 2-0.
Јордан покажа далеку подобро лице по паузата и во 55. минута намали преку Муса Ал Тамари, внесувајќи неизвесност во продолжението. Сепак, Аргентина не дозволи изненадување, а Меси во 80. минута ги постави конечните 3-1.
Во вториот натпревар од групата, Австрија и Алжир одиграа спектакуларен дуел кој заврши без победник – 3-3.
Австријците први поведоа преку Марко Арнаутовиќ, но Алжир брзо возврати со погодокот на Белгали. Во второто полувреме Марсел Сабицер повторно ѝ донесе предност на Австрија, но следуваше пресврт на Алжир. Ријад Марез со два гола го сврте резултатот во корист на својата селекција и ја доближи до победата.
Кога изгледаше дека Алжир ќе ги освои трите бода, Австрија во шестата минута од судиското продолжение стигна до израмнување преку Саша Калајџиќ, кој ги постави конечните 3-3.


