фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

НБА: Голден стејт во трката да го ангажира Леброн Џејмс

Леброн Џејмс (41) отсекогаш привлекувал големо внимание на јавноста, уште од времето кога беше најголемата сензација во средно училиште, а потоа го докажа својот кошаркарски талент на највисоко можно ниво освојувајќи четири титули (две со Мајами и по една со Кливленд и Лејкерс).

Многумина се прашуваат каде ќе игра Леброн од сезоната 2026/27, дали кариерата што започна во 2003 година ќе трае уште неколку години или дали ова е последната.

Според информациите од НБА инсајдерот Брет Сигел од КлачПоинтс, Голден Стејт во моментов верува дека има најголеми шанси да го доведе Леброн доколку тој не го продолжи договорот со Лејкерс.

Преговорите меѓу Лејкерс и Џејмс, според достапните информации, не напреднале многу ова лето.

Според ЕСПН и нивниот инсајдер Шамс Чаранија, Лејкерси сè уште не испратиле официјална понуда до Џејмс, а комуникацијата меѓу двете страни е многу ограничена од почетокот на преговарачкиот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот