Фото: EPA/Ronald Wittek

Швајнштајгер одговори на обвинувањата за расизам: Зборував за фудбал, а не за луѓе!

Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер изјави дека неговите неодамнешни коментари за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска биле погрешно разбрани и дека зборувал само за стилот на фудбал, а не за играчите или нацијата.

Швајнштајгер, за време на емисијата на германскиот јавен радиодифузер АРД, за кој работи како коментатор, го опиша стилот на игра на африканскиот тим како „малку африкански фудбал, малку неконвенционален, малку див и можеби не толку тактички дисциплиниран“, додавајќи дека таков стил е непредвидлив.

Селекторот на Брегот на Слоновата Коска, Емерсе Фе, ги смета коментарите за навредливи и ги опиша како расистички, што предизвика бројни реакции во јавноста и медиумите.

Во соопштението објавено од АРД, Швајнштајгер изјави дека немал намера да навреди никого.

– Зборував за фудбал, а не за луѓе. Тоа беше анализа на играта, ништо повеќе и ништо помалку. Секако не сакав никого да навредам – рече поранешниот германски фудбалер.

Некои коментатори и новинари оценија дека неговите описи можат да се протолкуваат како стереотипи, додека други истакнаа дека станува збор за несмасен израз.

Германската репрезентација славеше против Брегот на Слоновата Коска со 2:1, додека африканската репрезентација подоцна обезбеди место во нокаут фазата на Светското првенство со победа над репрезентацијата на Курасао.

По натпреварот, селекторот Емерсе Фе изјави дека се надева оти изјавата на Швајнштајгер била несмасна и не злонамерна, додавајќи дека евентуален разговор би можел да ја разјасни ситуацијата. АРД го бранеше Швајнштајгер, наведувајќи дека неговите изјави претставуваат анализа на фудбалскиот стил и дека тој не гледа елементи на расизам во нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот