Златан Ибрахимовиќ/ фото: EPA-EFE/Jonas Ekstromer

„Му украдовте сон на еден народ“: Златан Ибрахимовиќ го впери прстот во ВАР-судиите по поништениот гол на Иран

Иран утрово не успеа да победи на натпреварот против Египет од Светското првенство, со што заврши на третата позиција од групата Г, а можеби нема ни да се најде ниту меѓу најдобрите третопласирани селекции, откако постигнатиот, а потоа поништен гол за победа во клучниот натпревар со Египет дигна голема прашина.

Од час во час растат критиките кон луѓето во ВАР-собата, чија интервенција ги остави Иранците да „лебдат во воздух“ и да чекаат туѓи резултати, а една од најострите реакции ја даде поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ.

„Токму поради ова луѓето сè повеќе ја губат довербата во ВАР. Ни беше кажано дека е воведен за да ги коригира очигледните грешки, а наместо тоа создава уште поголеми контроверзии на најголемата фудбалска сцена. Ова е едноставно неприфатливо.

Ја прегледав снимката безброј пати и сè уште не ми е јасно како некој можел да досуди офсајд. Ако веќе поништувате погодок кој може да одлучи судбина на една нација на Светското првенство, мора да бидете 100% сигурни, а не да погодувате зад монитор“, изјави Швеѓанецот.

Тажната ситуација и разочарувањето на Иранците е огромно, и тие можат да се надеваат само ако сепак се пласираат во нокаут-фазата.

„Милиони Иранци славеа историски момент, за потоа група службени лица да им го одземат за неколку секунди. Не го поништивте само голот – му украдовте сон на еден народ. Не можете да се криете зад технологијата кога таа се користи погрешно. Ова не е правда, ова е неспособност. Светското првенство се игра еднаш на четири години.

Играчите жртвуваат сè за да стигнат овде, навивачите доаѓаат од целиот свет, а потоа една шокантна одлука уништува месеци работа. Тоа е непростливо. Ако ова е стандардот на судење на најважниот фудбалски турнир во светот, тогаш нешто сериозно не е во ред. Фудбалот заслужува подобро, играчите заслужуваат подобро, а пред сè навивачите заслужуваат многу повеќе“, заклучи Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот