Фото: EPA/ISAAC ESQUIVEL

Повеќе од 30 милиони луѓе се заинтересирани за натпреварот Португалија – Колумбија

Колумбиската и португалската фудбалска репрезентација ќе се сретнат во решавачки натпревар за првото место во групата К на Светското првенство (недела, 28 јуни, 01.30 часот).

Според претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повеќе од 30 милиони луѓе се заинтересирани за натпреварот во Мајами.

Доколку Колумбија (4:1, гол разлика) остане непоразена, ќе го заземе првото место, додека доколку Португалија победи (6:1), европската репрезентација ќе биде првопласирана. Името на противникот во осминафиналето, Хрватска или Гана, ќе биде познато пред почетокот на натпреварот.

Огромниот интерес за овој дуел е дополнително поттикнат од фактот дека речиси 700.000 Колумбијци живеат во пошироката област на Мајами, која претставува една од најголемите колумбиски заедници надвор од нивната татковина.

Побарувачката за билети достигна невидено ниво, што е потврдено и со зборовите на претседателот на ФИФА.

– Имаме близу 30 милиони луѓе кои сакаат да присуствуваат на овој натпревар – изјави Инфантино, за колумбиското радио Карикол.

За споредба, ФИФА доби повеќе од 500 милиони барања за билети за целото Светско првенство.

Влезниците беа распродадени во првата фаза од ждрепката, по што следеше препродажба. Цените се движат од 3.500 долари за обични седишта до 30.000 долари за седишта покрај теренот, додека ВИП пакетите надминуваат 50.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот