Фото: Équipe de France de Football

ВИДЕО | Хет-трик на Дембеле за трета победа на Франција, Сенегал го прегази Ирак

Франција со максимален ефект ја заврши групната фаза на Светското првенство, откако во последното коло без поголеми проблеми ја совлада Норвешка со 3:1 и ја запиша третата победа на турнирот.

Норвежаните настапија со значително изменет состав, бидејќи селекторот Стале Солбакен реши да ги одмори најважните фудбалери пред нокаут-фазата. Французите го искористија тоа и уште во првото полувреме го решија прашањето околу победникот.

Во центарот на вниманието беше Осман Дембеле, кој постигна хет-трик. Францускиот напаѓач погоди во седмата, 20. и 32. минута, додека единствениот гол за Норвешка го постигна Асгард во 21. минута.

Во продолжението немаше промена на резултатот, иако Норвешка имаше можност да ја намали негативата. Во 50. минута Ларсен не реализираше удар од белата точка. Конечниот резултат во самата завршница го постави Дуе.

Во вториот натпревар од групата, Сенегал убедливо го совлада Ирак со 5:0 и стигна до првата победа на шампионатот. Африканската селекција целосно доминираше на теренот, а двоен стрелец беше Геје. По еднаш во листата на стрелците се запишаа Диара, Ндаје и Сар.

Со убедливиот триумф Сенегал ги задржа шансите за пласман во нокаут-фазата, надевајќи се дека ќе биде меѓу осумте најдобри третопласирани репрезентации на Светското првенство.

ВИДЕО | Дембеле на Норвешка за половина час ѝ даде три речиси идентични гола

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот