Европска комисија/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ЕУ контра Трамп: Ако тој воведе царини, ќе реагираме брзо да ги одбраниме своите права

Европската Унија ќе реагира брзо и решително ако Соединетите Американски Држави ги исполнат заканите на претседателот Доналд Трамп за воведување царини од 100 проценти на европските земји ако воведат даноци за дигитални услуги на американските компании, соопштија од Европската комисија.

„Сите даноци по својата природа се недискриминаторски и се однесуваат подеднакво на сите големи компании, без оглед на нивното потекло. Едностраните мерки насочени кон ваквите легитимни политики се неоправдани. Доколку се спроведат, ЕУ ќе реагира брзо и решително за да ги одбрани своите права и регулаторна автономија“, нагласија од Комисијата.

Американскиот претседател Трамп се закани дека ќе воведе царини од 100 проценти на сите стоки од земјите кои воведуваат данок на дигитални услуги на американските компании.

„Голем број европски земји во моментов дебатираат за воведување данок на дигитални услуги на американските компании. Некои од овие земји се навистина блиску до тоа. Нека ова соопштение служи како најава дека секоја земја што ќе наметне таков данок веднаш ќе се соочи со 100-процентни царини за сите стоки испратени во САД“, напиша тој.

Комисијата истакнува дека ЕУ и нејзините членки имаат суверено право да ги регулираат економските активности на своја територија, во согласност со нивните демократски вредности и меѓународни обврски.

Од Комисијата посочуваат дека Европската Унија „постојано поддржува глобално решение за фер оданочување на дигиталната економија, во согласност со заклучоците на министрите за финансии на Г7. Ова останува наш претпочитан пат и ние сме подготвени конструктивно да работиме за да го постигнеме тоа“.

Трамп спрема нови царини за 60 земји — кој сѐ е на удар и зошто?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот