Доналд Трамп и Џон Болтон /Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот советник на Трамп призна вина, ќе плати казна од 2,25 милиони долари за задржување доверливи информации

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, а потоа и негов голем критичар, Џон Болтон, денеска ја призна вината за незаконско задржување доверливи информации и се согласи да плати казна од 2,25 милиони долари, како и да одработи 100 часа општествено корисна работа, пренесува Си-Би-Ес.

Болтон, кој беше советник на Трамп за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, ја призна вината по една точка од обвинението. Тој минатата година беше обвинет по вкупно 18 точки поврзани со несоодветно ракување со чувствителни владини информации.

Според обвинителството, Болтон во период од седум години споделувал податоци во форма на записи „налик на дневник“ со двајца свои роднини, со цел подоцна да ги искористи за книгата што ја пишувал. Иако во октомври минатата година тој се изјасни за невин, денеска на суд беше одобрена нагодбата со обвинителството.

Си-ен-ен: Поранешниот советник на Трамп се спогоди со обвинителството, ќе плати два милиони долари за да не оди во затвор

Според условите од договорот за признавање на вината што беше прочитан денеска во судницата, правниот тим на Болтон и Министерството за правда се согласија за затворска казна во траење од најмногу 60 месеци во федерален притвор, како и за парична казна.

Страните во постапката соопштија дека е постигнат договор Болтон да биде сослушан од официјални лица за национална безбедност во врска со информациите што незаконски ги задржал. Исто така, тој ќе треба да одработи 100 часа општествено корисна работа за да и помогне на владата во напорите за спречување на незаконското откривање доверливи информации. Изрекувањето на пресудата е закажано за 28 октомври.

Сојузната порота покрена обвинение против Болтон во средината на октомври минатата година, при што се соочуваше со осум точки за оддавање информации од националната одбрана и 10 точки за нивно незаконско задржување.

Обвинителите тврдеа дека во периодот од април 2018 до август 2025 година, тој споделил повеќе од 1.000 страници за неговите секојдневни активности додека работел во Белата куќа со двајца неидентификувани роднини, а дел од тие страници содржеле строго доверливи информации.

Болтон беше советник за национална безбедност во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, пред да стане еден од неговите најгласни критичари. Поранешниот амбасадор на САД во Обединетите нации го опиша Трамп како „неспособен за претседател“ во мемоарите што ги објави во 2024 година.

Болтон за својот поранешен шеф: Странските лидери сметаат дека Трамп е смешна будала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот