Зеленортски Острови/EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Ова ќе биде Светско првенство со рекорден број автоголови

Иако групната фаза на Светското првенство сè уште не е завршена, на Мундијалот во САД, Мексико и Канада веќе е израмнет рекордот по бројот на автоголови.

Досега се постигнати 12 автоголови, со што е достигнат рекордот поставен на Светското првенство во Русија во 2018 година. Со оглед на тоа што остануваат уште натпревари од групната фаза, како и целиот елиминациски дел од турнирот, речиси извесно е дека ова достигнување ќе биде надминато.

Една од причините за ваквиот биланс е проширениот формат на натпреварувањето со поголем број селекции и натпревари. Сепак, вреди да се истакне дека рекордните 12 автоголови се достигнати по само 60 одиграни натпревари, додека претходните Мундијали со 32 репрезентации имаа вкупно 64 средби.

Интересно е што Светското првенство во Русија беше исклучок, бидејќи на повеќето претходни турнири автоголовите беа вистинска реткост. Во Катар во 2022 година беа постигнати само два автогола, исто колку и на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година, додека во Бразил во 2014 година беа забележани четири.

На актуелниот Мундијал најмногу автоголови имаат Египет и Катар со по два, додека по еден автогол си постигнаа Австралија, Јордан, Мароко, Парагвај, Саудиска Арабија, Швајцарија, Тунис и Узбекистан.

Број на автоголови по Светски првенства:

1930 – 1, 1934 – 0, 1938 – 2, 1950 – 0, 1954 – 4, 1958 – 0, 1962 – 0, 1966 – 2, 1970 – 1, 1974 – 3, 1978 – 2, 1982 – 1, 1986 – 2, 1990 – 0, 1994 – 1, 1998 – 5, 2002 – 2, 2006 – 4, 2010 – 2, 2014 – 4, 2018 – 12, 2022 – 2, 2026 – 12.

ФОТО | Дали Инфантино навистина гледаше два различни натпревари кои се играа во исто време?

Мундијалот руши рекорди по број на гледачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот