Фото: mkd.basketball

Стјуард Јуниор: Целта е да победиме против Ирска и Луксембург

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија, новото засилување покажа дека може да биде важен дел од тимот во завршницата од претквалификацискиот циклус за Европското првенство во 2029 година.

Со само неколку тренинзи со новите соиграчи, Стјуард веднаш ја презеде одговорноста на теренот. За повеќе од 30 минути игра постигна 26 поени, а придодаде и пет скока и пет асистенции, демонстрирајќи го офанзивниот квалитет и енергијата која може да ја донесе во составот.

– Ова е мое прво искуство во еден национален тим и секогаш сакам да го дадам најдоброто од себе. Спремен сум да работам со соиграчите и да помогнам во секој посед на топката, секој потег на теренот и секој детал во кошаркарската игра – рече Стјуард по дебито.

Контролниот дуел со Бугарија беше само подготовка за она што следува. Пред Македонија се последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите – домашниот дуел против Ирска на 2 јули во Скопје, а потоа гостувањето кај Луксембург три дена подоцна.

– Целта е да ги победиме следните два натпревари. Ќе се бориме да го направиме тоа и да бидеме најдобрата верзија на теренот – вели новиот македонски репрезентативец.

Македонија ѝ врати на Бугарија, славеше на втората контролка во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот